Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.1.2025.1/4

Активно население, четврто тримесечје 2025 година

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 0.4 % во споредба со третото тримесечје од 2025 година, а е намален и за 3.6 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57.9 %, а жени 42.1 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.6 %. Од вкупниот број вработени,  57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.

Учеството на неформалната вработеност се намалува. Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10.3 % помалу од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45.9 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 16.9 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

Четврто тримесечје 2025 година
•    Активно население: 800 911 лица
•    Вработени: 709 523 лица
•    Невработени: 91 388 лица
•    Стапка на активност: 52.8
•    Стапка на вработеност: 46.8 
•    Стапка на невработеност: 11.4

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на невработеност

Контакт

Ајрија Чаушоска
Телефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Активно население