СООПШТЕНИЕ : 23.2.2025.1/2

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2025 година

Во февруари 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 64 634 денари.

Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.6 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.1 %, Преработувачка индустрија и Образование за 11.5 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 %. 

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање од 10.0 %, Рударство и вадење на камен од 8.1 % и Уметност, забава и рекреација од 5.2 %.

Главни поенти

Бруто-платата во февруари 2025 година изнесува 64 634 денари

Во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година е повисока за 9.6 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен

февруари 2025 година

Контакт

Подготвено од: Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.