Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2026 година
Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69 371 денар
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2026 година изнесуваше
69 371 денар.
Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.3 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %, Рударство и вадење на камен за 10.2 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за
4.8 %, Други услужни дејности, Уметност, забава и рекреација за 4.7 % и Транспорт и складирање за 3.6 %.
Главни поенти
- Бруто-платата во февруари 2026 година изнесуваше 69 371 денар
- Во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година е повисока за 7.3 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен
февруари 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk