Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2024 година
Во ноември 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 63 154 денари
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 63 154 денари.
Во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација 15.4 %, Транспорт и складирање 12.3 % и Преработувачка индустрија 11.4 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен 8.2 %, Дејности во врска со недвижен имот 5.4 % и Земјоделство, шумарство и рибарство 2.7 %.
Главни поенти
Бруто-платата во ноември 2024 година изнесува 63 154 денари
Во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година е повисока за 9.6 %
Табели

Графикон
Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен
ноември 2024 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk