Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.2.2025.1/11

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2025 година

Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69 141 денар

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2025 година изнесува 69 141 денар.

Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.5 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.3 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 10.8 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.1 %.

Главни поенти

  • Бруто-платата во ноември 2025 година изнесува 69 141 денар
  • Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година е повисока за 9.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен

ноември 2025 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен