Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2025 година
Во јануари 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 697 денари
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 64 697 денари.
Во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.9 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација 15.1 %, Административни и помошни услужни дејности 12.1 % и Образование 11.5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво 6.8 %, Преработувачка индустрија 5.7 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување 4.5 %.
Главни поенти
Бруто-платата во јануари 2025 година изнесува 64 697 денари
Во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година е повисока за 8.9 %
Табели

Графикон
Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен
јануари 2025 година
Контакт
Подготвено од: Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk