Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.2.2026.1/1

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2026 година

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 066 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 70 066 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 10.6 %.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6 %, Градежништво за 5.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7 %.

Главни поенти

•    Бруто-платата во јануари 2026 година изнесуваше 70 066 денари

•    Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен

јануари 2026 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен