Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јуни 2026 година
Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72 785 денари
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2026 година изнесуваше 72 785 денари.
Во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 6.5 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.7 %, Земјоделство, шумарство и рибарство, Транспорт и складирање за
8.1 % и Преработувачка индустрија за 7.7 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8.6 %, Уметност, забава и рекреација за 6.2 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.1 %.
Главни поенти
- Бруто-платата во јуни 2026 година изнесуваше 72 785 денари
- Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година е повисока за 6.5 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна бруто-плата по вработен
јуни 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk