Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2026.1/4

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2026 година

Во април 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 779 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2026 година, изнесуваше 48 779 денари.

Во април 2026 година, во однос на април 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27.0 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.2 %. 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 20.1 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 2.0 %.

Главни поенти

  • Нето-платата во април 2026 година изнесуваше 48 779 денари
  • Во април 2026 година во однос на април 2025 година е повисока за 7.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

април 2026 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk
Оливера Ставрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.stavrova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен