Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2025 година
Во февруари 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 43 053 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2025 година, изнесува 43 053 денари.
Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 %, Преработувачка индустрија за 11.5 % и за Образование 11.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4.0 %, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 % и Преработувачка индустрија за 2.5 %.
Главни поенти
Нето-платата во февруари 2025 година изнесува 43 053 денари
Во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година е повисока за 9.6 %
Табели

Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
февруари 2025 година
Контакт
Подготвено од: Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk