Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2026.1/2

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2026 година

Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46 159 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесуваше
46 159 денари.

Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.3 %, Рударство и вадење камен за 10.6 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 %. 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 
5.7 %, Други услужни дејности за 5.0 % и Уметност, забава и рекреација за 4.6 %.

Главни поенти

  • Нето-платата во февруари 2026 година изнесуваше 46 159 денари
  • Во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година е повисока за 7.2 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

февруари 2026 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен