Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2024 година
Во ноември 2024 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 41 999 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 41 999 денари.
Во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.5 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 15.3 %, Транспорт и складирање за 12.7 % и Преработувачка индустрија за 11.2 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен од 8.0 %, Дејности во врска со недвижен имот од 5.9 % и Земјоделство, шумарство и рибарство од 2.6 %.
Главни поенти
Нето-платата во ноември 2024 година изнесува 41 999 денари
Во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година е повисока за 9.5 %
Табели

Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
ноември 2024 година
Контакт
Подготвено од: Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk