Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2025.1/11

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2025 година

Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесува 45 961 денар.

Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Главни поенти

  • Нето-платата во ноември 2025 година изнесува 45 961 денар
  • Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година е повисока за 9.4 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

ноември 2025 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен