СООПШТЕНИЕ

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2024 година

Просечната месечна исплатена нето-плата во октомври 2024 година изнесува 42 134 денари

Во октомври 2024 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 42 134 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, е повисока за 8.5 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 11.5 %, Информации и комуникации за 10.7 % и Образование за 10.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 7.5 %, Образование за 5.0 % и Градежништво за 3.1 %.

Главни поенти

Нето-платата во октомври 2024 година изнесува 42 134 денари

Во октомври 2024 година во однос на октомври 2023 година е повисока за 8.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

октомври 2024 година

Контакт

Подготвено од: Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.