Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2025 година
Во мај 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 796 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2025 година, изнесува 45 796 денари.
Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 11.0 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %.
Главни поенти
Нето-платата во мај 2025 година изнесува 45 796 денари
Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %
Табели

Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
мај 2025 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk