Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2026 година
Во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 49 544 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 544 денари.
Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.3 %, Рударство и вадење камен за 5.8 % и Транспорт и складирање за 5.7 %.
Главни поенти
- Нето-платата во мај 2026 година изнесуваше 49 544 денари
- Во мај 2026 година во однос на мај 2025 година е повисока за 8.2 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
мај 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk Оливера Ставрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.stavrova@stat.gov.mk