СООПШТЕНИЕ

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2025 година

Во јануари 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 43 050 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43 050 денари.


Во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.9 %.

 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 15.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 12.0 % и Образование за 11.4 %.


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво од 6.6 %, Преработувачка индустрија од 5.4 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4.5 %.

Главни поенти

Нето-платата во јануари 2025 година изнесува 43 050 денари


Во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година е повисока за 8.9 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

јануари 2025 година

Контакт

Подготвено од: Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.