Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2026 година
Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46 617 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари.
Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.
Главни поенти
- Нето-платата во јануари 2026 година изнесуваше 46 617 денари
- Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
јануари 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk