Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2026.1/7

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јули 2026 година

Во јули 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2026 година, изнесуваше 48 499 денари.

Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2 % и Градежништво за 2.3 %.

Главни поенти

  • Нето-платата во јули 2026 година изнесуваше 48 499 денари
  • Во јули 2026 година во однос на јули 2025 година е повисока за 7.1 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

јули 2026 година

Контакт

Оливера Ставрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.stavrova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен