Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2025.1/6

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јуни 2025 година

Во јуни 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 468 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45 468 денари.

Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 %, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12.7 % и Рударство и вадење на камен за 12.2 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3% и Транспорт и складирање за 2.1 %.

Главни поенти

Нето-платата во јуни 2025 година изнесува 45 468 денари


Во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година е повисока за 8.4 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

јуни 2025 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен