Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јуни 2026 година
Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 381 денар
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2026 година, изнесуваше 48 381 денар.
Во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 6.4 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 % и Транспорт и складирање за 8.0 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.0 %, Уметност, забава и рекреација за 6.2%, и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9%.
Главни поенти
- Нето-платата во јуни 2026 година изнесуваше 48 381 денар
- Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година е повисока за 6.4 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
јуни 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk