Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.4.2025.1/2

Слободни работни места, второ тримесечје 2025 година

Во второто тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најголем број на слободни работни места, 2008, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.

Главни поенти

Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година


•    Југоисточен Регион: 2.54 %

•    Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2.69 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја

Контакт

Јане Мирчески
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Слободни работни места