Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Слободни работни места, второ тримесечје 2026 година

Во второто тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2026 година изнесува 2.17 %, а најголем број слободни работни места, 2 980, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Скопскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.30 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 6.23 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.38 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.20 %.

Главни поенти

Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2026 година имаат
•    Скопскиот Регион: 2.30 %
•    Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 3.20 %

Табели

Почнувајќи од првото тримесечје од 2026 година, согласно со регулативите на ЕУ и препораките на Евростат, податоците за слободните работни места се објавуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. наместо според НКД, рев. 2.


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја

Контакт

Јане Мирчески
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Слободни работни места