СООПШТЕНИЕ

Слободни работни места, трето тримесечје 2024 година

Во третото тримесечје од 2024 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2024 година изнесува 2.02 %, а најголем број, односно 1950, има во петтата група занимања Работници во услужни дејности и продажба.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.34 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.11 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3.06 %.

Главни поенти

Највисока стапка на слободни работни места во третото тримесечје од 2024 година

  • Североисточен Регион: 2.34 %
  • Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 3.06 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја

Контакт

Подготвено од: Јане Мирчески
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.