Слободни работни места, трето тримесечје 2025 година
Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања.
Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.22 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.70 %.
Главни поенти
Највисока стапка на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година имаат
- Вардарскиот Регион: 2.53 %
- Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 2.70 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја
Контакт
Јане МирческиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk