Слободни работни места, четврто тримесечје 2024 година
Во четвртото тримесечје од 2024 година најмногу работници биле барани во групата занимања Стручњаци и научници.
Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2024 година изнесува 1.93 %, а најголем број, односно 2 149, има во втората група занимања Стручњаци и научници.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.72 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.47 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.13 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.
Главни поенти
Највисока стапка на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2024 година
• Пелагониски Регион: 2.72 %
• Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2.69 %
Табели

Графикон
Стапка на слободни работни места
последни четири тримесечја
Контакт
Подготвено од: Јане МирческиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk