Слободни работни места, четврто тримесечје 2025 година
Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.
Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.49 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.64 %.
Главни поенти
Највисока стапка на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година имаат
• Пелагонискиот Регион: 2.49 %
• Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 2.64 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја
Контакт
Јане МирческиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk