Лаекенски индикатори за сиромаштијата, 2021 година
Во најголем ризик од сиромаштија во 2021 година биле домаќинствата од двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца
Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2021 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.
Во 2021 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше
23.0 %.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2021 година е 26.4 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 8.1 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30.3 %.
* Пресметката на податоците за сиромаштијата за 2021 година е направена врз основа на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година. Во тек е ревизија на податоците за лаекенските индикатори за сиромаштијата за претходните години врз основа на податоците од Пописот на населението, 2021 година.
Главни поенти
Во 2021 година:
- Стапката на сиромаштијата е 23.0 %
- Коефициентот на Џини е 30.3 %
Табели

Графикон
Коефициент на Џини, %
Контакт
Подготвено од: Стасе НолевТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stase.nolev@stat.gov.mk