СООПШТЕНИЕ

Лаекенски индикатори за сиромаштијата, 2022 година

Стапката на сиромаштијата во 2022 година изнесуваше 22.9 %

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2022 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход. 

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 22.9 %. 

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година е 27.2 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 9.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29.8 %.

Главни поенти

Во 2022 година:

  • Стапката на сиромаштијата е 22.9 %
  • Стапката на сиромашни пензионери 9.9 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Коефициент на Џини, %

Контакт

Подготвено од: Стасе Нолев
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stase.nolev@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.