Социјална заштита

Статистичките податоци за социјалната заштита на деца, млади и возрасни лица и на детската заштита се прибираат со редовни годишни истражувања.

Социјалната заштита ги опфаќа податоците за:


Детската заштита ги опфаќа податоците за:

Податоците за правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници на социјалната заштита се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба од 1 јануари до 31 декември.

Податоците за установите за сместување деца, млади и возрасни лица и за меѓуопштинските центри за социјална работа се прибираат со редовно статистичко истражување, со состојба 31 декември.

Податоците за домовите за ученици во основните и во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и за домовите за студенти што се школуваат надвор од местото на живеење на родителот - издржувателот се со состојба 31 март.

Податоците за установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/центри за ран детски развој се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба на 30 септември. Установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/центри за ран детски развој обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на деца во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе видови групи.

Податоците за додатоци за деца (детски додаток, посебен додаток и еднократна парична помош за новороденче) и родителски додатоци за дете (право што го остварува мајката за своето трето, четврто живородено дете и единствен родителски додаток) се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба од 1 јануари до 31 декември.

Индикатори

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →