Детски градинки - центри за ран детски развој, 2023 година
За 5.2 % е зголемен бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2023 година во однос на 2022 година
Во 2023 година, во 117 јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки и центри за ран детски развој се регистрирани 37 804 деца.
Во однос на 2022 година бројот на установи е зголемен за 3.5 %, додека бројот на деца е зголемен за 5.2 %.
Главни поенти
2022 година
- 113 установи за згрижување и воспитание на деца
- 35 932 деца во установите
2023 година
- 117 установи за згрижување и воспитание на деца
- 37 804 деца во установите
Табели

Контакт
Подготвено од: Татјана Анева-БожиновскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tanja.bozinovska@stat.gov.mk