Превезени патници и стоки, трето тримесечје 2025 година
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во третото тримесечје од 2025 година е зголемено за 25.7% во однос на истото тримесечје од претходната година
Во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 948 илјади, во градско-приградскиот превоз 7884 илјади, во железничкиот превоз 35 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 1 054 189.
Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со третото тримесечје од 2024 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25.7 %, во железничкиот превоз е зголемено за 8.0 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено
за 14.2%.
Главни поенти
Превезени патници и стоки, третото тримесечје 2025 година
- Превезени патници во патниот патнички превоз: 948 илјади
- градско-приградски превоз: 7884 илјади
- железнички превоз: 35 илјади
- воздухопловен превоз: 1 054 189
- Количество на превезена стока
- товарен патен превоз: +25.7%
- железнички превоз: +8.0%
- воздухопловен превоз: +14.2%
Табели
1) Вклучен е и транзитот.
2) Транзитот не е вклучен.
3) Превезени патници со странски воздухопловни компании.
1) Од 2018 година вклучени се транзитот и каботажата.
2) Вклучен е и транзитот.
3) Транзитот не е вклучен.
4) Превезени стоки со странски воздухопловни компании.
5) Превезена пошта со странски воздухопловни компании.
Користени симболи →
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Сања СтефановаТелефон: 023295735
е-пошта: sanja.stefanova@stat.gov.mk