Превезени патници со автобуси, второ тримесечје 2025 година
Во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Во второто тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 007 илјади и е намален за 6.3 % во однос на второто тримесечје од 2024 година, и тоа:
- во градскиот превоз е намален за 10.6 %,
- во приградскиот превоз е намален за 3.5 %,
- во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.2 %,
- во меѓународниот превоз е зголемен за 27.7 %.
Вкупниот број на патничките километри е 256 889 илјади и е зголемен за 19.3 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:
- во градскиот превоз е зголемен за 35.4 %,
- во приградскиот превоз е зголемен за 9.1 %,
- во меѓуградскиот превоз е намален за 0.2 %,
- во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 32.5 %.
Главни поенти
Превезени патници со автобуси, второ тримесечје 2025 година
- Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 10 007 илјади
- Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 256 889 илјади
Табели

Контакт
Бранко ХиниќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: branko.hinic@stat.gov.mk