СООПШТЕНИЕ

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2024 година

Во третото тримесечје од 2024 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.9 % во однос на истото тримесечје од претходната година

Во третото тримесечје од 2024 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 433 илјади и е намален за 6.9 % во однос на третото тримесечје од 2023 година, и тоа:

•    во градскиот превоз е намален за 7.4 %,
•    во приградскиот превоз е намален за 10.4 %,
•    во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13.2 %,
•    во меѓународниот превоз е зголемен за 2.7 %.

Вкупниот број на патничките километри е 297 428 и е зголемен за 8.9 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

•    во градскиот превоз е зголемен за 17.3 %, 
•    во приградскиот превоз е намален за 1.3 %,
•    во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.4 %,
•    во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10.8 %.

Главни поенти

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2024 година

  • Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 9 433 илјади 
  • Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 297 428

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Бранко Хиниќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: branko.hinic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.