Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2025 година
Во третото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Во третото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 8 832 илјади и е намален за 6.4 % во однос на третото тримесечје од 2024 година, и тоа:
• во градскиот превоз е намален за 4.6 %,
• во приградскиот превоз е намален за 7.8 %,
• во меѓуградскиот превоз е намален за 8.6 %,
• во меѓународниот превоз е намален за 12.5 %.
Вкупниот број на патничките километри е 292 038 илјади и е намален за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:
• во градскиот превоз е зголемен за 24.2 %,
• во приградскиот превоз е намален за 1.3 %,
• во меѓуградскиот превоз е намален за 4.5 %,
• во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2.8 %.
Главни поенти
Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2025 година
- Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 8 832 илјади
- Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 292 038 илјади
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Бранко ХиниќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: branko.hinic@stat.gov.mk