Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 26.2.2026.1/3

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2026 година

Во третото тримесечје од 2026 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 8.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година

Во третото тримесечје од 2026 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 8 091 илјада и е намален за 8.4 % во однос на третото тримесечје од 2025 година, и тоа:

  • во градскиот превоз е намален за 12.1 %,
  • во приградскиот превоз е намален за 5.7 %,
  • во меѓуградскиот превоз е намален за 0.5 %,
  • во меѓународниот превоз е намален за 0.8 %.


Вкупниот број на патничките километри е 287 787 илјади и е намален за 1.5 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

  • во градскиот превоз е намален за 7.6 %,
  • во приградскиот превоз е зголемен за 4.0 %,
  • во меѓуградскиот превоз е зголемен за 0.1 %,
  • во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2.4 %.

Главни поенти

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2026 година

•    Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 8 091 илјада 
•    Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 287 787 илјади

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Контакт

Бранко Хиниќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: branko.hinic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Превезени патници со автобуси