Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје 2025 година
Во четвртото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 8.5 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 055 илјади и е намален за 8.5 % во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, и тоа:
- во градскиот превоз е намален за 10.4 %,
- во приградскиот превоз е намален за 3.6 %,
- во меѓуградскиот превоз е намален за 6.7 %,
- во меѓународниот превоз е намален за 53.3 %.
Вкупниот број на патничките километри е 242 740 илјади и е намален за 21.7 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:
- во градскиот превоз е зголемен за 26.4 %,
- во приградскиот превоз е намален за 3.0 %,
- во меѓуградскиот превоз е намален за 1.7 %,
- во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 35.5 %.
Главни поенти
Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје 2025 година
- Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 10 055 илјади
- Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 242 740 илјади
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Бранко ХиниќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: branko.hinic@stat.gov.mk