Вовед
Од 1972 година со истражувањето УГ.11А се обезбедуваат годишни податоци за работата на самостојните угостителски дуќани-трговци поединци, за прометот, капацитетите и вработените.
Податоците за прометот се искажани во тековни вредности и при користење на истите треба корисниците да внимаваат, да ги земат во предвид промените кои настанале во периодите по 1972 година.
1. Правни основи
1.1 Законска основа
Законска основа за реализација на статистичкото истражување Тримесечен извештај за угостителството е Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15, 27/16, 83/18, 220/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20), и Програмата за статистички истражувања, 2023 – 2027 („Службен весник на РМ“ бр. 29/2023.
Според овие законски основи Државниот завод за статистика го спроведува истражувањето (подготовка на инструменти, прибирање, обработка, анализа и објавување на статистичките податоци, како и други задачи утврдени со Законот).
Во согласност со наведениот Закон, извештајните единици се должни на Државниот завод за статистика да му доставуваат статистички податоци, без надомест.
1.2 Заштита на податоците
Податоците што се прибираат со ова статистичко истражување претставуваат индивидуални податоци кои се заштитени со Законот за државната статистика, од што произлегува обврската за нивна заштита при прибирањето, обработката, објавувањето, складирањето на податоците, како и за нивно уништување во пропишаните рокови.
Индивидуалните податоци се користат само за статистички цели и како поединечни не се даваат ниту објавуваат (освен ако за тоа постои писмена согласност на извештајната единица). Како поединечни овие податоци не може да се користат за донесување какви било одлуки во врска со правното лице на кое се однесуваат.
Овие податоци се чуваат според пропишани услови, а лицата кои вршат прибирање, обработка и се запознале со нив се должни да ги чуваат како службена тајна. По завршувањето на потребата за која се прибрани, податоците се уништуваат.
Заштитата на индивидуалните податоци е регулирана со Законот за државна статистика.
Основните принципи и активности, што се преземаат за да се обезбеди доверливоста на податоците се опишани во Политиката за статистичка доверливост.
2. Цел на статистичкото истражување и единици на набљудување
2.1 Цел на статистичкото истражување
Со годишното статистичко истражување УГ.11А се прибираат основни показатели за прометот, вкупно и по видови на услуги, промет по видови и категории на објекти, вработените, како и капацитетот изразен според бројот на седишта.
Податоците се користат од страна на повеќе корисници како што се Владата и владините институции, банки, приватни компании, универзитети, Евростат. Податоците служат за:
- следење и анализирање на состојбите и движењата во областа на туризмот и угостителството во земјата;
- носење одлуки за реализација на политиките во областа на туризмот и угостителството.
- во пресметка на БДП
2.2 Статистичка популација
Самостојни угостителски дуќани - трговци поединци коишто според Националната класификација на дејностите - НКДРев.2 се распределени во секторот З-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во одделот 55-Објекти за сместување и 56 Дејности за подготовка на оброци и служење на храна, според НКД Рев.2.
3. Избор на примерок
3.1 Дефинирање на целната популација
Трговецот-поединец е физичко лице кое, во вид на занимање, врши дејност како угостителски дуќан.
3.2 Дизајнирање и рамка на избор на примерокот
Не е применливо, статистичкото истражување се спроведува годишно, на база на целосен опфат.
4. Извештајни единици и начин на прибирање на податоците
4.1 Извештајни единици
Извештајни единици се регистрираните самостојни угостителски дуќани - трговци поединци коишто според Националната класификација на дејностите - НКДРев.2 се распределени во секторот З-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во одделот 55-Објекти за сместување и 56 Дејности за подготовка на оброци и служење на храна, според НКД Рев.2. (хотели, пансиони, мотели, одморалишта, кампови, ресторани, кафе барови, пицерии, гостилници и сл.).
Податоците се прибираат со статистичкиот прашалник: Годишен извештај за работата на самостојните угостителски дуќани - трговци поединци УГ.11А. Податоците за самостојни угостителски дуќани - трговци поединци се прибираат според извештаен метод преку годишниот извештај за самостојните угостителски дуќани од Регионалните дирекции на Управата за јавни приходи.
4.3 Периодика на прибирање на податоците
Годишна
4.4 Референтен период
До 25 во месецот за претходната година.
5. Основни концепти и дефиниции
5.1 Дефинирање на статистички варијабли
Угостителски деловен субјект трговци поединци се сметаат угостителските деловни субјекти и дуќани што се регистрирани за вршење на угостителски услуги.
Угостителска работна единица се смета секој угостителски објект чија работа е одредена со акт за основање, во согласност со видот на угостителските услуги што ги извршува (хотел, мотел, ресторан, кафеана, бифе и друго).
Вредноста на прометот во угостителството претставува вредност на извршените услуги за сместување, исхрана, точење на пијалаци, како и други стокови и нестокови услуги (продажба на тутун, сувенири, превоз на гости и багаж, ПТТ услуги и слично). Вредноста на прометот е искажана во тековни цени со вклучен ДДВ.
6. Дефиниции на клучните индикатори
6.1 Дефиниција на индикаторот
Број. Вредноста на прометот, вкупно и по видови услуги и видови на објекти, искажана во денари како број. Број на капацитети изразен според бројот на седишта. Бројот на вработените по тримесечја и годишно.
6.2 Пресметка на индикаторот
Преку номиналниот број на прометот во денари, вработените и седиштата се пресметува индекс, стапка (%) и слично.
7. Номенклатури и класификации
7.1 Класификации
Национална класификација на дејностите - НКД Рев.2
7.2 Номенклатури
Номенклатура на територијалните единици за статистика – НТЕС
7.3 Кодни листи
Не се применуваат.
8. Обработка на податоците
8.1 Обработка на податоците
Обработката на податоците се врши во Државниот завод за статистика. Прибирањето на податоците се врши преку регионалните одделенија.
Пристигнатите податоци од деловните субјекти се контролираат и по евентуалната корекција во консултација со извештајните единици, се внесуваат на електронски медиум, преку апликација со вградени онлајн-контроли. После внесот, повторно се врши контрола, при што се споредуваат вредностите со претходната година и се проверува логичноста и точноста на податоците.
Импутација: Се врши експертска импутација на податоците кои недостасуваат во извештаите.
Пондерирање: Не се врши пондерирање на податоците.
Не се врши сезонско прилагодување приспособување на податоците.
8.2 Ниво на агрегација на излезните податоци
НТЕС 1 и 2 (Република Северна Македонија)
НТЕС 3 (статистички региони)
НТЕС 4 (општини)
НТЕС 5 (населени места)
8.3 Обврска за заштита на податоците
Вработените лица во Заводот на определено или неопределено време, како и извршителите кои врз основа на договор вршат прибирање или при својата работа имаат пристап до доверливи податоци, должни се тие податоци да не ги оддаваат за време и по престанувањето на работниот однос или ангажирање по договор за дело.
Наведените лица, пред добивањето пристап до доверливи податоци, потпишуваат изјава за заштита на статистичката доверливост преку која ќе бидат запознаени со обврските за заштита на податоците.
9. Публикување на податоците
9.1 Медиуми за објавување на статистичките податоци
Податоците од областа на угостителството се достапни на база на податоци МАКСтат, статистички годишник, Северна Македонија во бројки и Регионите во Република Северна Македонија.
10. Ревизија на податоците
10.1 Вид на ревизија
Ревизијата на податоците се прави во согласност со Политиката за ревизија на ДЗС.
10.2 Причини за ревизија
Не се прави ревизија на објавените податоци.