Туризам, март 2025 година
Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70 902, од кои 22.0 % се домашни туристи, а 78.0 % се странски туристи
Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70 902, од кои 22.0% се домашни туристи, а 78.0% се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132 015, од кои 28.0% се од домашните туристи, а 72.0 % од странските туристи.
Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.
Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во март 2025 година:
- 10 410 од Германија
- 9 380 од Турција
- 4 648 од Франција и
- 4 504 од Грција
Табели

Графикон
Структура на домашните и на странските туристи и ноќевања март 2025 година
Контакт
Бојан ГлигоровскиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: bojan.gligorovski@stat.gov.mk