Туризам, септември 2026 година
Во септември 2026 година 136 305 туристи оствариле 264 370 ноќевања
Во септември 2026 година, од вкупниот број туристи, 24.9 % се домашни, а 75.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2026 година изнесува 264 370, од кои 33.8 % се од домашните туристи, а 66.2 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 3.0 %.
Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 3.5 % така што кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските има зголемување за 4.6 %.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во септември 2026 година:
- 27 933 од Турција
- 8 358 од Србија
- 6 633 од Германија
- 4 656 од Полска
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Структура на домашните и на странските туристи и ноќевања септември 2026 година
Контакт
Македонка ТрајковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: makedonka.trajkova@stat.gov.mk