Индекси на прометот во секторот Трговија, август 2025 година, претходни податоци
Во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 3.8 %
Во трговијата на мало во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11.2 %, а реално за 3.8 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 0.3 %, а реално опаѓа за 3.7 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 6.0 %, а реално за 0.2 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 4.8 %, а номинално опаѓа за 0.4 %.
Главни поенти
Во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11.2 %, а реално за
3.8 % - Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 4.8 %, а номинално опаѓа за 0.4%.
Табели

Контакт
Дејан РистовТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dejan.ristov@stat.gov.mk Ивана Јовановиќ Давидовиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ivana.jovanovic@stat.gov.mk