СООПШТЕНИЕ : 25.1.2025.1/4

Индекси на прометот во секторот Трговија, април 2025 година, претходни податоци

Во април 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 6.1 %

Во трговијата на мало во април 2025 година, во споредба со април 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 2.4 %, а реално опаѓа за 0.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво  номинално опаѓа за 2.9 %, а реално за 6.4 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално опаѓа за 0.2 %, а реално за 3.2 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 6.1 %, а номинално опаѓа за 6.8 %. 

Главни поенти

Во април  2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 2.4 %, а реално опаѓа за 0.1 %
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 
    2.9 %, а реално за 6.4 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Јана Гркова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во секторот Трговија