Индекси на прометот во секторот Трговија, декември 2024 година, претходни податоци
Во декември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 1.1 %
Во трговијата на мало во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година,стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна,пијалаци и тутун номинално е зголемена за
5.8 %, а реално опаѓа за 0.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 11.4 %, а реално опаѓа за 8.4 % и Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.5 %, а реално опаѓа за 4.0 %.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена само реалната стапка, и тоа за
1.1 %, додека номиналната стапка опаѓа за 1.0 %.
Главни поенти
Во декември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.8 %, а реално опаѓа за 0.1 %
- Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за
11.4 %, а реално опаѓа за 8.4 % - Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.5 %, а реално опаѓа за 4.0 %
- Трговија на мало со автомобилски горива, зголемена само реалната стапка, и тоа за 1.1 %, додека номиналната стапка опаѓа за 1.0 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Јана ГрковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk