СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во секторот Трговија, ноември 2024 година, претходни податоци

Во ноември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 6.0 %

Во трговијата на мало во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, зголемување на прометот кај номиналната стапка има во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 1.2 %, а реално опаѓа за 4.5 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 2.9 %, а реално опаѓа за 0.1 % и Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 2.0 %, а реално опаѓа за 2.4 %. 

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена само реалната стапка, и тоа за 6.0 %, додека номиналната стапка опаѓа за 0.9 %.

Главни поенти

Во ноември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 1.2 %, а реално опаѓа за 4.5 %
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за
    2.9 %, а реално опаѓа за 0.1 % 
  • Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 2.0 %, а реално опаѓа за 2.4 %
  • Трговија на мало со автомобилски горива, зголемена само реалната стапка, и тоа за 6.0 %, додека номиналната стапка опаѓа за 0.9 %.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Јана Гркова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во секторот Трговија