Индекси на прометот во секторот Трговија, октомври 2025 година, претходни податоци
Во октомври 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 7.3 %
Во трговијата на мало во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 15.9 %, а реално за 7.3 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 2.2 %, а реално опаѓа за 1.9 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.9 %, а реално за 2.6 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 4.3 %, а номинално за 2.9 %.
Главни поенти
Во октомври 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 15.9 %, а реално за
7.3 % - Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 8.9 %, а реално за 2.6 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Ивана Јовановиќ ДавидовиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ivana.jovanovic@stat.gov.mk Дејан Ристов
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dejan.ristov@stat.gov.mk