СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во секторот Трговија, февруари 2025 година, претходни податоци

Во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 1.1 %

Во трговијата на мало во февруари 2025 година, во споредба со февруари2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 9.6 %, а реално за 2.6 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 2.1 %, а реално опаѓа за 0.8 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 5.9 %, а реално за 0.9 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 1.1 %, а номинално опаѓа за 0.9 %.

Главни поенти

Во февруари  2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 9.6 %, а реално за
    2.6 %
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 
    2.1 %, а реално опаѓа за 0.8 %
  • Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5.9 %, а реално за
    0.9 %
  • Трговија на мало со автомобилски горива, реално е зголемена за 1.1 %, а номинално опаѓа за 0.9 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Јана Гркова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.