Индекси на прометот во секторот Трговија, февруари 2026 година, претходни податоци
Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %
Во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за 11.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3.4 %, а реално е зголемена за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8.5 %, а номинално за 0.3 %.
Главни поенти
Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за
11.1 % - Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Ивана Јовановиќ ДавидовиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ivana.jovanovic@stat.gov.mk Дејан Ристов
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dejan.ristov@stat.gov.mk