Индекси на прометот во секторот Трговија, јули 2025 година, претходни податоци
Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 2.2 %
Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 2.6 %, а реално за 6.6 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2.4 %, а реално опаѓа за 3.4 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 2.2 %, а номинално опаѓа за 5.1 %.
Главни поенти
Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %
- Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 2.2 %, а номинално опаѓа за 5.1 %
Табели

Контакт
Дејан РистовТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dejan.ristov@stat.gov.mk