Индекси на прометот во секторот Трговија, јуни 2025 година, претходни податоци
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %
Во трговијата на мало во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 9.2 %, а реално за 5.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20.4 %, а реално за 13.9 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 8.3 %, а номинално за 0.7 %.
Главни поенти
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %
- Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20.4 %, а реално за
13.9 %
Табели

Контакт
Ивана Јовановиќ ДавидовиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ivana.jovanovic@stat.gov.mk