Промет во трговијата на големо и на мало по групи производи, 2023 година
Во одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, се реализирани 97.2 % од прометот во вкупната трговија на големо во 2023 година
Прометот во трговијата на големо по групи производи во 2023 година изнесува 765 633 013 илјади денари.
Во одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, најголемо учество има прометот остварен од продажбата на цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи (огревно дрво, камен јаглен, дрвен јаглен, лигнит, моторен бензин, керозин, гасни масла, масла за ложење) со 25.7 %.
Прометот во трговијата на мало по групи производи во 2023 година изнесува 387 754 620 илјади денари.
Во одделот Трговија на мало, освен моторни возила и мотоцикли, најголемо учество од 24.2 % има прометот од продажбата на автомобилски горива.
Прометот во трговијата на мало според региони најмногу е реализиран во Скопскиот Регион со
52.5 %.
Најголем број продавници во трговијата на мало има во Пелагонискиот Регион, односно 21.3 % од вкупниот број продавници.
Главни поенти
Во 2023 година најголемо учество од 25.7 % има во прометот остварен во одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, од продажбата на цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи.
Најголемо учество од 24.2 % во одделот Трговија на мало, освен моторни возила и мотоцикли, има прометот од продажба на автомобилски горива.
Табели

Контакт
Подготвено од: Јана ГрковаТелефон: +389 2 3295 661
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk